Величествен имот во Канада (ФОТО)

Цената на овој имот изнесува 5,4 милиони долари, а ние се согласуваме дека вреди за секој долар, зарем не?

Сместен во Монтреал, во најпрестижниот дел од градот, овој имот има волшебен современ дизајн, како и прекрасно уредени природни паркови, сместени во близина на имотот. Со шест прекрасни спални соби и четири бањи, овој имот има околу 1.720 квадратни метри, што е повеќе од доволно за безгрижна детска игра или креирање на гламурозна градина за собири.

Овој неверојатен имот има и свој одбојкарски, тениски и кошаркарски терен, а тука е и малиот фудбалски терен, покрај спа центарот, базенот, кујната на отворено и сите детали кои секој собир ќе го направат идеален.

Ентериерот никако не смее да биде запоставен, бидејќи содржи теретана, приватно кино, билјард маса и игротека. Тука е сместен и винскиот подрум на две нивоа и гламурозниот водопад.

Погледнете го имотот во следните фотографии…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот