Велешкото здружение на пензионери во време на ковид пандемијата помогнало на 250-260 пензионери

Пензионери/ Фото: МИА

Велешкото здружение на пензионери од почетокот  на ковид пандемија во март лани досега преку разни хуманитарни донации во пари, леков, огревни дрва, храна и хигиенски средства и за други потреби им помогнало на 250 до 260 тина пензионери од Велес и велешкиот поширок регион во кој се вклучени и општините Градско и Чашка. За таа намена касата на здружението издвоиле над 600 илјади денари, информира за МИА, Веле Алексоски, претседател на Здружението на пензионери.

-Сите пари кои сме ги заштедиле со одложување на разни манифестации и друго, ние им ги доделуваме на наши членови стари и изнемоштени осамени пензионери оставени сами на себе, а кои немаат пари за лекови и други основни потреби како огревни дрва храна,хигиенски средства и други потреби.Во нашата хумана мисија како здружение  освен на наши членови им помагаме и на други социјално загрозени лица и семејства, а за што во изминатите десет месеци за овие хумани донации  сме издвоиле над 600 илјади денари,информира Алексоски.

Тој појаснува дека освен во Велес најголемата грижа им е насочена кон осамените пензионери во руралните населени места во велешкиот поширок регион, а  кои, вели, се оставени сами на себе и имаат неопходна потреба од набавка  и достава на  храна лекови и огревни дрва.

-Им носиме дрва им ги цепиме и средуваме.Континуирано им помагаме, одиме на терен, разговареме  и ги слушаме нивните потреби, се разбира во согласност со почитување на сите заштитни мерки согласно протоколите за Ковид-19.Посебна грижа и внимание и набавка на неопходни лекарства посветуваме на оние пензионери кои заболеле од Ковид и освен помош во храна и лекови им даваме и морална поддршка да ја победат болеста и што поскоро да оздрават, појаснува Алексоски.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот