Велешкото обвинителство побара притвор за дилер на дрога​

Илустрација, дилери на дрога / Фото: МИА

Основното јавно обвнителство во Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице од Велес на возраст од 40 години за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При извршен претрес во домот на осомничениот, на 26 јануари 2021 година, службените лица пронашле наркотична дрога марихуана во вкупна количина од 584,34 грама, наркотична дрога хашиш во вкупна количина од 4, 75 грама и психотропна супстанција – амфетамин во количина од 20,36 грама. Осомничениот неовластено заради продажба, ја чувал дрогата во повеќе различни пакувања на различни места во домот. Покрај дрогата, во станот на осомничениот е пронајдена и електронска мини вага за мерење.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес поднесе предлог за определување на мерката притвор за осомничениот до Судијата на претходна постапка при Основниот суд во Велес. Предлогот е  прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот