Велешкиот Народен музеј доби седум проекти, четири од музејската и три од галериската дејност

Фото: mia. mk

Народниот Музеј од Велес на конкурс на Министерството за култура доби седум проекти од Програмата од национален интерес за 2021 година – четири од музејската и три од галериската дејност во вкупна вредност од 740.000 денари од кои 590.000 денари за проекти од музејската, а 150.000 денари од галериската дејност. Скоро сите проекти со кој годинава конкурирал Народниот музеј биле прифатени, освен еден за конзервација на вредни фрески на манастирот „Св. Димитрија” кај Велес, информира Марин Клифов, в.д.директор на Народен Музеј Велес.

– Задоволни сме од добиените проекти и се надевам дека успешно ќе ги реализираме. Инаку добиените парични средства се приближно исто колку ланските информира Клифов.

Првиот проект од историската дејност и ќе се работи на увид и документација на споменици и спомен обележја од НОВ на подрачјето на Велес и велешко, вклучувајќи ги и Општините Градско и Чашка. Вториот е од областа на археологијата и археолошката екипа на Народниот музеј и оваа година ќе продолжи си археолошките истражувања на локалитетот „Кале Стари Град“.

Следен проект е од музејската дејност и ќе се работи на конзервација на камените споменици од богатата збирка на Народниот музеј, а кои ќе бидат поставени на приземјето од музејот, најави Клифов.

Воедно прифатен е проект и за 3Д реконструкција на археолошкиот локалитет „Кале“ кај Велес.

Од изложбената дејност се прифатени три изложби во вредност од 150.000 денари и тоа изложба на Нета Космија, втора изложба од Неславни приказни и Изложба на карикатури на тема ковид-19 и превенција од вирусот од велешкиот и македонски карикатурист Миле Манчевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот