Велешкиот градоначалник Коцевски со порака до Куќните совети: Направете дезинфекција во зградите

Поради алармантната состојба со ковид-19 и ширење на зараза во градот, градоначалникот на Велес, Аце Коцевски им порача на Куќните совети и управителите на згради во најкраток рок да извршат дезинфекција на влезовите, на ходниците и на другите заеднички простории. Во спротивно, тој најави соодветни мерки за санцкионирање.

Според станарите од колективните згради во градот, досега само мал дел од објектите биле самоиницијативно дезинфицирани.

Има примери и на самоиницијативно дезинфицирање на ходници од поедини станари во згради кои имале член заболен со ковид-19 или тоа го извршиле нивни комшии исплашени од можно ширење на заразата.

Градоначалникот Коцевски воедно најави дека Општина Велес, како и досега, ќе продолжи со континуирана дезинфекција на објектите во сопственост на општината и јавните установи основани од општината, како и на јавно прометните површини во градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот