Велешката болница преполна, хоспитализирани дури 80 пациенти, на кислородна поддршка се 28

Болницата во Велес / Фото: Архива на „Слободен печат“

На трите одделенија кои се Ковид  центри на велешката Општа Болница денеска има 80 хоспитализирани пациенти што е најмногу од почетокот на пандемијата во градот.

Како што информира портпаролот д-р Весна Неделковска Николова, на Инфективното има 55 пациенти колку што има и кревети со дополнување на капацитетот во ова оддление. На Интерно Б крак има 14 пациенти од 15 кревети со колку што располага и 11 пациенти се сместени на лекување во Одделението за физикална медицина, а кое располага со 25 кревети.

Од 80 те пациенти, 63 се потврдени позитивни,14 сомнителни и тројца негативни со еден тест, а еден пациент бил испишан со два последователни негативни теста.

На кислородна поддршка денеска се 28 пациенти најмногу досега од почетокот на пандемијата.

Во велешката болница изутрината почина уште еден пациент, маж на 69 годишна возраст од Велес примен во болницата пред два дена во потешка состојба со ниска сатурација на кислород позитивен на Ковид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот