Велешка конфекција ги прати вработените дома, син на шивачка позитивен на Ковид-19

Велешката конфекција Алена нема да работи до 4 мај, откако синот на една од шивачките добил позитивен резултат на Ковид 19. Веднаш се земени брисеви од целото семејство, а официјални резултати се чекаат. Конфекцијата има околу 360 вработени, за кои компанијата веднаш презела заштитни мерки, односно им било кажано да останат дома и да се самоизолираат.

-Уште веднаш кога дознавме дека детето на нашата вработена е позитивно на Ковид 19 не се работи, фабриката е празна. Официјално нема други позитивни случаи. Вработената е изолирана од 30 март, а фабриката нема да работи до 4 мај. Имаме околу 350/ 360 вработени и по препораките на Владата постапивме соодветно веднаш кога дознавме се јавивме во Институтот за јавно здравје. Жалосно е што затворивме, но моравме. Претходно, вработените наместо со два автобуси, ги распределивме во 4 автобуси, а дел доаѓаа на работа со комбе или со сопствени автомобили, поделивме маски и ракавици. Мораме да ги заштитиме и вработените и нас самите, изјави за Слободен печат шеф од едно од одделенијата на конфекцијата, Ангел Ристов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот