Велешка „Економска“ доби нов покрив

Зградата на ова училиште е изградена во 1963 година и таму до 2006 година беше сместено ООУ „Трајко Андреев”, кое тогаш престана да постои и се спои со ООУ „Блаже Конески”.

Во СОУ „Јовче Тесличков” или попознато како „Економска” во Велес, непосредно, пред стартот на второто полугодие заврши реконструкција на стариот дотраен дрвен кров кој беше во лоша состојба и беше заменета штетната по здравје азбестна покривка.

Проектот е вреден 6.505.000 денари од кои дел од средствата 3.090.000 денари беа обезбедени од грант  преку Министерството за финансии од Меѓународната банка за обнова и развој, а уште 3.415.000 денари беа обезбедени од Општинскиот буџет.

Како што информираат од Општина Велес, проектот бил изработен од Друштвото за консалтинг „Еуропартнер Груп”, а опфати замена на целата кровна азбестна површина од 1.184 метри квадратни заедно со оштетената дрвена кровна конструкција со нови панел плочи.

Директорката на СОУ „Јовче Тесличков” Оливера Коцевска за МИА информира дека дрвениот кров бил во многу лоша состојба и кровната покривка од азбестни табли кои се штетни по човековото здравје со овој градежен зафат се отстранети, а кровот се покрил со нови еколошки панел плочи.

– Со проектот се заштити објектот од прокиснување и влага и се овозможи задржување на топлината, со што се создадоа и подобри услови за изведување на наставата, потенцира Коцевска.

Зградата на ова училиште е изградена во 1963 година и таму до 2006 година беше сместено ООУ „Трајко Андреев”, кое тогаш престана да постои и се спои со ООУ „Блаже Конески”.

Тогаш во оваа зграда беше преместено и се уште работи СОУ„Јовче Тесличков”, попознато како „Економска”, а кое порано работеше во зградата на старата велешка Гимназија на Градското пазариште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот