Велешанец си ја ограбил бабата

Основното јавно обвинителство во Велес поднесе обвинителен акт против 23 – годишен велешанец кој е обввинет за разбојничка кражба.

„Обвинетиот, кој е внук на оштетената, на 9 ноември лани околу 7.30 часот, заедно со уште едно лице – дете влегле во куќата на бабата на обвинетиот. Знаејќи каде оштетената ги чува парите, обвинетиот одзел една најлон кеса во која имало пари во износ од 62.000 денари во различни апоени, 140 евра и разни документи. За тоа време детето кое било со обвинетиот стоело покрај бабата на обвинетиот, внимавајќи таа да не зебележи што се случува. Но, откако оштетената ја видела кражбата и почнала да вика,  почнал да ја удира“, извести ОЈ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот