Велешанец се обидел да ја убие сопругата откако сакала да му помогне на болното внуче

Полиција / Фото: МИА

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од Велес на возраст од 73 години за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Имено, на 13.11.2021 година околу 19.45 часот, осомничениот при вршење семејно насилство, се обидел да ја лиши од живот сопругата која е на возраст од 58 години. Тој започнал вербална расправија со оштетената, бидејќи таа била на вториот кат од нивната семејна куќа каде живее нивниот син со семејството, за да помогне околу болното внуче. Осомничениот од под перницата од креветот каде што спие, извадил два големи ножа со сечива од 17 см и 19 см. Држејќи ги ножевите во двете раце, тој замавнал кон оштетената во пределот на главата, заканувајќи и се дека ќе ја заколе. Оштетената почнала да го повикува синот, по што тој дошол, го удрил осомничениот и успеал да му ги одземе ножевите.

Бидејќи постојат опасности дека доколку биде на слобода, осомничениот може да се даде во бегство и да го доврши кривичното дело, јавниот обвинител од велешкото обвинителство до судијата на претходна постапка при Основен суд Велес достави предлог за притвор за осомниченото лице. Предлогот е прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот