Велешанец се бори за живот на скопските клиники откако вчера паднал при поправка на покрив

Велешанец на 35-годишна возраст се бори за живот на скопските Хирушки клиники откако вчера попладне паднал од покрив висок околу 10 метри, во близина на силосите кај Маслодајна.

Несреќата се случила околу 15 часот, кога велешанецот, кој бил ангажиран на поправка на покрив, од засега непознати причини, паднал. Веднаш на местото на несреќата била повикана екипа на Итната медицинска помош која му укажала прва помош и итно го пренела во Хирушката амбуланта на велешката Општа Болница.

Од велешката болница за МИА информираат дека повредениот бил донесен  во бесознание и со повеќе тешки повреди и веднаш бил реанимиран и прегледан. Но, поради тешките повреди на главата и на градниот кош, итно бил транспортиран на Хирушките клиники во Скопје.

Полицијата направила увид на настанот и ги утврдува причините за тоа како паднал 35 годишниот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот