Велешанец лажел дека сестра му е повредена, изнудил пари и ги потрошил во казино

фото: илустрација

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против А.Д.(41) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”, соопшти полицијата.

„На 10.09.2021, пријавениот на неговата тетка телефонски ѝ кажал дека неговите родители имале сообраќајна несреќа во која била повредена и нејзината сестра и дека од болницата им побарале пари за нејзино лекување. Таа му дала 450 евра за лекување на нејзината сестра, а откако се јавил повторно и побарал пари за лекување и на неговите родители таа се посомневала и отишла во болницата во Тетово да ги провери наводите. Откако ѝ било потврдено дека нема пациенти со такви лични податоци, случајот го пријавила во СВР Тетово“, се вели во соопштението од МВР.

Набргу потоа, осомничениот бил пронајден и приведен и во службен разговор со полициски службеници изјавил дека парите ги потрошил во казино, додаваат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот