Велешанец баран со меѓународна потерница уапсен на преминот Ќафасан

Приведено лице / Фото: EPA/ALEXANDER BECHER

На граничниот премин Ќафасан на албанско-македонската граница, кај Струга, уапсен е македонски државјанин баран со меѓународна потерница издадена од словенечките власти.

– Службите на Граничната полициска станица Ќафасан, како резултат на континуираната размена на информации со Интерпол Тирана, при влез на територијата на Република Албанија, го уапсија П.Л.(38) жител на Велес, Северна Македонија. Верификацијата покажа дека словенечките судски органи издале меѓународна потерница по ова лице за сторено кривично дело „кражба“, стои во полициското соопштение.

Албанските власти ја спроведуваат потребната постапка за негова екстрадиција во Словенија.

На 11 минатиот месец на истиот премин албанската полиција го уапси Ф.В. (39) жител на село Велешта, струшко. Против него шестиот федерален кривичен суд во Рио де Жанеиро, Бразил, издал налог за апсење за кривично дело „трговија со наркотици”.

Три дена подоцна на преминот Морина, пак, на албанско – косовската граница, кај Кукс, службите на албанската гранична полиција, го уапсија Џ.Ф. (38), жител на Скопје, баран со меѓународна потерница, за кривични дела „кражби” и „трговија со наркотици“, распишана од белгиските власти.

Деновиве пак на преминот Тушемиште – Свети Наум, на албанско –македонската граница, беше уапсена А.М.(35) жителка на Охрид, барана со меѓународна потерница распишана од норвешките власти, поради „семејно насилство и киднапирање”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот