Велес ќе гради социјална зграда за ранливите семејства од градот

Во близина на новите згради „Атлантис” кај поранешен АД „Киро Ќучук” во Велес наскоро ќе започне изградба на социјална зграда со приземје и пет ката со вкупно 29 социјални станови најави на последниот прес, градоначалникот Аце Коцевски.

Тој информира дека завчера се платени комуналиите надоместокот за уредување на градежно земјиште.

Воедно најави дека наскоро свечено ќе биде означен почетокот на изградбата на социјална зграда наменета со социјално ранливи семејства од градот.

Тој додаде дека за детелите  ќе информира на свеченото започнување на градежните работи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот