Веленски: Има конфузија кој треба да прими трета доза вакцина против ковид-19

Вакцинација во Франција
EPA-EFE/Caroline Blumberg

Директорката на Американските центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), Рошел Валенски, изјави дека во САД има одредена конфузија околу тоа кој треба да ја прими третата засилувачка доза на вакцината против Ковид-19. Досега е одобрена само засилувачката доза на Фајзер.

Минатата недела, Валенски се согласи со повеќето препораки на советникот на ЦДЦ за давање засилувачка доза шест месеци по втората доза за одредени групи луѓе. Овие групи вклучуваат луѓе на возраст над 65 години, лицата во старските домови, како и луѓето на возраст од 50 до 64 години, кои имаат хронични здравствени проблеми, како што е дијабетес.

– Гледам дека сега има конфузија. Ние правиме научна проценка во реално време. Се среќаваме неколку недели за да ја процениме ситуацијата. Научните проценки, исто така, можат да покажат дека остатокот од американското население треба да добие „бустер” доза, и ние ќе им дадеме такви инструкции штом ќе ги имаме доказите, изјави Валенски за Си-Би-Ес.

Луѓето кои примиле вакцини на Модерна и на Џонсон и Џонсон се уште чекаат за да добијат информации кога би можеле да добијат трета доза. 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот