Вељаноски за обвинението за „Крвавиот четврток“: Политичко обвинение за политички цели

Фото: МИА

По прифаќањето на обвинението од Кривичниот суд, Вељаноски заедно со останатите поранешни функционери ќе седне на обвинителна клупа.

Експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, во врска со одлуката на Судот да се прифати обвинение во кое тој заедно со Јанакиески, Ристовски и Атанасов се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, како главни организатори на „Крвавиот четврток“, за ТВ 24 рече дека тоа е „политичко обвинение за политички цели“.

По прифаќањето на обвинението од Кривичниот суд, Вељаноски заедно со останатите поранешни функционери ќе седне на обвинителна клупа.

Тој е првиот претседател на Собрание на кого ќе му се суди од независноста на Македонија.

Осомничени како организатори за насилниот упад во Собранието беа и екс-премиерот Никола Груевски и екс-разузнавачот Никола Бошковски, но поради фактот што се во бегство, обвинителството за организиран криминал реши да не им се суди во отсуство и не ги обвини во обвинение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот