Вељаноски до Пендаровски: Андов не беше суден за тероризам, иако го извести Црвенковски дека не е избран претседател на Собрание
Во врска со вчерашната изјава од Кабинетот на Претседателот на државата г-н Стево Пендаровски дека “Во 2016 година, тогашниот претседавач, Трајко Вељаноски испратил допис датиран на ден 30 декември 2016 година, со кое го информира тогашниот Претседател Иванов дека Собранието е конституирано со верификација на мандатите иако не е избран претседател“. Сакам да ја известам јавноста, но и Претседателот г-н Стево Пендаровски дека тоа не бил прв случај иако не бил избран Претседател на Собранието на РМ и била прекината седницата да Претседавачот го известува Претседателот на државата дека е констутирано Собранието, пишува во соопштението поранешниот пратеник и претседател на Собранието, Трајко Вељаноски.
-Прв таков случај беше во 2006 година при конституирање на 5-ти парламентарен состав на конститутивната седницата одржана на 27 јули 2006 година тогашниот Претседавач со конститутивната седница г-н Стојан Андов ја прекина конститутувната седница после третата точка без да се изврши избор на Претседател на Собранието на РМ бидејќи немаше предлог за Претседател на Собранието на РМ и ја одложи седницата но истовремено на ден 27 јули 2006 година г-н Стојан Андов како Претседавач а не како Претседател на Собранието на РМ го известува Претседателот на РМ дека е конститутирано Собранието иако не беше избран Претседател на Собранието на РМ и врз основа на тој допис од Претседавачот г-н Стојан Андов тогашниот Претседател на РМ г-н Бранко Црвенковски на 28 јули 2006 година го достави мандатот на тогашниот мандатор (за ова нека си проверат во архивата на Претседателот на државата и во архивата на Собранието). Но за среќа тогашниот Претседавач г-н Стојан Андов не беше суден за тероризам во тоа време, пишува Вељаноски.