„Веќе не може вака“, Шолц вели дека бројот на бегалци кои доаѓаат во Германија е превисок

Олаф Шолц / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Германија го вклучи алармот. Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска нагласи дека е неопходно да се намали бројот на бегалци.

„Во моментов бројот на бегалци кои доаѓаат во Германија е превисок“, изјави Шолц во интервју за РНД.

Тој смета дека е неприфатливо најголемиот дел бегалци да доаѓаат во Германија без претходно да бидат регистрирани во некоја од земјите на Европската унија.

„Дефинитивно, ситуацијата не смее да остане иста како досега. Повеќе од 70 отсто од бегалците кои доаѓаат во Германија не биле претходно регистрирани, иако сите поминале низ една од земјите на ЕУ“, рече тој.

Од мерките што федералната влада досега ги презеде за да го намали приливот на бегалци, Шолц ја наведе „целосната поддршка“ за подобра безбедност на надворешните граници на ЕУ и воведувањето шенген гранични контроли кон Швајцарија и Чешка.

Тој им вети на претставниците на градовите и општините кои со месеци алармираат поради немањето капацитет за сместување на новодојдените бегалци и најави вонреден состанок на кој треба да се разговара за логистичките проблеми со сместувањето.

Шолц, и покрај разликите во мислењата во неговата коалициска влада составена од социјалдемократи, зелени и либерали, рече дека неговата влада е целосно обединета во ставот дека нерегуларната миграција во Европската унија мора да се запре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот