Веќе видено во Серија А, Лацио го „глуми“ Јувентус!

Фото: EPA-EFE/MAURIZIO BRAMBATTI

Натпреварот од 25 коло во италијанското првенство меѓу Лацио и Торино кој требаше да започне денеска од 18.30 часот на „Олимпико“, ќе биде откажан бидејќи гостинскиот тим не се појави на теренот.

Торино има голем проблем со коронавирусот и по одложувањето на мечот против Сасуоло во петокот, малку беше извесно дека тие ќе патуваат за Рим.

Секое сомнение беше разбиено кога на денот на натпреварот беше потврдено дека „биковите“ не се упатија на гостувањето кај „небесно-сините“.

Иако знаеја дека нема да има ништо од денешниот натпревар, тимот на Симоне Инзаги се појави на теренот, а истото минатата есен го направи и шампионот Јувентус пред дербито против Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Останува да се види дали Лацио ќе го добие овој натпревар со службен резултат од 3:0 или Торино ќе има право на одложување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот