ВЕЌЕ НЕМА ДА ГИ ГЛЕДАТЕ НА ИСТ НАЧИН: Чудни факти за популарните личности

популарни анџелина ријана тејлор

Постојат неверојатни и чудни факти за популарните личности за кои малку луѓе знаат.

Иако ни се чини дека животите на познатите ни се лесно достапни со мало пребарување на интернет, одредени факти за нив сепак, останале повеќе скриени.

Алберт Ајнштајн

Тој верувал дека се потребни 10 часа за да се наспие, а омилена италијанска храна му биле шпагетите.

Елвис Присли

Популарниот пејач има двајца славни далечни роднини и тоа и двајцата се претседатели на САД – Абрахам Линколн и Џими Картер.

Тејлор Свифт

Таа пораснала на фарма каде се одгледувале новогодишни елки, па затоа и секогаш е возбудена околу празниците.

Кијану Ривс

Мајката на актерот била дизајнерка и шивачка на костуми, а најредовен клиент ѝ бил рокерот Алис Купер.

Барак Обама

Поранешниот претседател на САД е голем љубител на Хари Потер и всушност, ги има прочитано сите книги и ги има изгледано сите филмови.

Двејн Џонсон

Неговата баба Лија Маиви била една од првите жени кои се занимавале со професионално борење.

Анџелина Џоли

Кога била дете, актерката била заинтересирана за мрачни нешта и на сите им кажувала дека сака да биде организатор на погреби.

Ријана

На Барбадос постои национален Ден на Ријана и жителите се собираат и пејат нејзини песни.

Крис Прет

Актерот во средно училиште однел парче бетон и убедувал еден од своите професори дека е дел од Берлинскиот ѕид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот