Веќе му честитаат, Несторовски се враќа во Серија А (ФОТО)

EPA/CORRADO LANNINO

Несторовски кој заедно со Александар Трајковски го напуштија Палермо, според италијанските медиуми во текот на денот би требало да ги има лекарските прегледи, а потоа во попладневните часови и отпатува во Австрија каде што и моментно играчите на Удинезе ги имаат летните подготовки.

Ваквиот трансфер го потврди и поранешниот репрезентативен голман Гого Јовчев кој сега има улога на тренер.

На својот фејсбук профил Јовчев му го честиташе враќањето на нашиот интернационалец во најсилната италијанска фудбалска лига.

– „Бомберот“ се врати во Серија А. Нека ти е со среќа новиот трансфер во Удинезе. Ти посакувам од сè срце само да продолжиш во ист стил. Не е мала работа да се дадат 45 голови во Италија за три години – се зборовите на Јовчев.

На тој начин ќе се зголемува македонската „колонија“ на фудбалери во Серија А, Горан Пандев е член на Џенова, а изминатиот период Елиф Елмас беше промовиран како нов играч на Наполи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот