Веќе излекувани пациенти повторно заболуваат од коронавирус: 195 лица се одново заразени

Сите пациенти, излекувани од коронавирус, ќе мора повторно да бидат ставени во двенеделен карантин откако е утврдено дека поголемиот дел од нив и натаму се ностители на вирусот, иако не е познато дали се тие заразни.

Кинеските лекари регистрирале 195 случаи на повторно заразување мсо новиот коронавирус во Вухан, покажуваат податоците кои денеска беа презентирани од страна на Државната комисија за хигиена и здравство во Кина. Во документот не се посочува причината за повторно заболување од истиот вирус.

Сите пациенти, излекувани од коронавирус, ќе мора повторно да бидат ставени во двенеделен карантин откако е утврдено дека поголемиот дел од нив и натаму се ностители на вирусот, иако не е познато дали се тие заразни.

Зао Џианпинг, лекарот задолжен за оперативните тимови кои се борат против епидемијата во кинеската провинција Хубеи рече дека тестовите покажале дека мнозинството од оние кои го „прележале” вирусот и натаму се инфицирани.

Џианпинг вели дека новото откритие е многу загрижувачко.

– Каде да ги сместиме таквите пациенти? Не можеме да ги испратиме во нивните домови, бидејќи можат да ги заразат семејствата, а не можеме ниту да ги оставиме во болниците, бидејќи немаме расположливи капацитети, појасни Џианпинг.

Ксианг Ниџуан, научник од кинескиот Центар за контрола и превенција на болести вели дека сега треба да се воведе надзор и за оние кои биле во контакт со излекуваните пациенти, бидејќи е можно тие да се заразени.

Заразените пациенти во Кина можат да добијат отпусна листа само ако исполнат четири услови: телесната температура да им е во границата на нормалата во три последователни дена, да немаат респираторни проблеми, рендгенските снимки да покажат дека нема оштетувања на белите дробови и тестовите на нуклеински киселини да бидат негативни двапати по ред.

Во меѓувреме, кинеските власти соопштија дека периодот на инкубација би можел да биде и подолг од 14 дена, откако беше утврдено дека 70-годишен маж во провинцијата Хубеи бил заразен со вирусот, а симптоми покажал дури после 27 дена.

Периодот на подолга инкубација би можел значително да ги компликува напорите за сузбивање на епидемијата, од која досега починаа над две илјади лица.

Кинеските научници, врз основа на испитувања на брис од нос и грло кај 18 пациенти заразени со Ковид-19, утврдија дека тој вирус повеќе се однесува како вирус на грип, а помалку како останатите коронавируси. Тоа сугерира дека тој може полесно да се шири од што претходно се претпоставуваше.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот