Веќе е сместено во болницата во Софија момчето кое доби изгореници од струен удар

Момчето кое вчера се здоби со изгореници од струен удар во Трубарево е веќе сместено во болницата Пиргов во Софија, соопштија од Министерството за здравство, откако само пред неколку часа најавија дека тоа ќе пренесено во Бугарија.

Од таму додаваат дека за транспорт на пациентот било обезбедено санитетно возило по сите стандарди, момчето било згрижено според сите протоколи и упатено е на натамошно лекување во најдобриот центар за изгореници на Балканот.

– На располагање беа и хеликоптери од Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана, но поради сериозноста на повредите, момчето е пренесено со санитетско возило од брзата помош. За да стигне побрзо беше обезбедено и брзо поминување со полициска придружба од македонско-бугарската граница до болницата во Софија – се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Момчето кое се здоби со тешки повреди од струен удар при обид за кражба во Трубарево ќе биде лекувано во странство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот