Вегар: Немавме среќа, многу ми е жал, најмногу поради битолските навивачи!

фото: рк еурофарм работник

Хрватскиот интернационалец трипати се запиша во листата на стрелците, без грешка, според него недостасуваа уште неколку голови до остварувањето на целта…

Еурофарм Пелистер во полната сала „Боро Чурлевски“ во реваншот од осминафиналето во СЕХА Газпром лигата триумфираше со 24:22 над Нексе.

Но, тоа не беше доволно за пласман во четвртфиналето, бидејќи во првиот меч Хрватите славеа со 23:20 и обезбедија четвртфинален двомеч против бранителот на титулата Вардар.

Вегар кој на оваа средба во Битола трипати се запиша во листата на стрелците (3/3) жали што неговата екипа не ја оствари целта.

– Натпреварот беше навистина прекрасен, само битолската публика може да направи ваква атмосфера. Штета, не знам, на крајот ни недостасуваше тој еден гол, два. Немавме среќа на крајот, имавме глупави шутеви, загубени топки. Нексе е добра екипа, знаевме дека вака ќе биде, дека нема да се знае кој ќе биде патникот во четвртфиналето. Јас му честитам на ривалот, мене ми е жал што не успеавме да се пласираме во следната фаза, најмногу поради навивачите, поради нас самите, но одиме напред – рече по натпреварот, ракометарот на Еурофарм Пелистер, Марин Вегар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот