Ведрана Рудан: Кога вие Балканците ќе сфатите дека сте ѓубре кое силува и тепа жени?

Фото: Принтскрин

Познатата колумнистка и писателка, Ведрана Рудан во интервју за српско Еспресо говори за нејзината нова книга, воедно и автобиографија „Танц околу сонцето“.

Таа меѓудругото во интервјуто говори и за балканскиот менталитет. На прашањето дали може нешто да се промени во тој дел Рудан одговара:

– Со години го слушам истото прашање. „Како да се сменат „Балканците“?“ Кога вие Балканците ќе сфатите дека не сте ништо посебно. Секаде мажите се ѓубре кое тепа, силува и ги искористува жените на милион начини. За среќа, жените во последно време сфаќаат дека ѓаволот ја однесе шегата, па го креваат гласот. Така дознаваме дека еднакви дивјаците кои живеат и работат во Холивуд и тие кои живеат во Белград, Ријека или Загреб. Ете утеха за Балканците. Додека на жените со тап нож им го копаат окото, нека знаат дека истото го прави и нивниот „брат“ во Стокхолм.

Исто така, таа беше запрашана за нејзините зборови против Евреите, НАТО, Европската унија, фармацевтската индустрија, хероите на граѓанската војна во Хрватска, усташите, политичарите, тајкуните и какви проблеми, освен цензура, имала заради тоа. Таа на тоа одговори:

– Тоа што ми се случуваше не го доживувам како „проблем“. Ако напишам дека израелската власт е фашистичка логично е дека некој напален Евреин, а тоа и ми се случи, ќе ми напише меил како треба да ме убие. Јас и понатаму мислам се најлошо за израелската политика и останатите организации кои ги споменавте. Претпоставувам дека нив моето пишување не ги вознемирува. Јас сум една, важни се оние милијарди кои ќутат и ќе ќутат додека не цркнат.

Целото интервју прочитајте го тука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот