Ведрана Рудан го шокираше регионот: Дивјаците извикуваа „Убиј го, убиј го Србинот“ а не разбираат дека Хрватска е земја на мртовци

Instagram
Фото: Принтскрин -Instagram

Хрватската писателка Ведрана Рудан објави нов блог со наслов „Убиј го, убиј го Хрватот“ во кој пишува за тешката состојба во Хрватска поради борбата против коронавирусот, но и за усташкиот инцидент во Борово Село.

Ние го пренесуваме нејзиниот текст во целост:

Група дивјаци во Борово Село, во придружба на полицијата, извикуваа: „Убиј го, убиј го Србинот!“. Наводно „навивачи“. Нарушувајќи го јавниот ред и мир. На нормалните луѓе им е јасно дека станува збор за кривично дело „јавно поттикнување на насилство и омраза“. За такво нешто е предвидена казна затвор до три години, за организаторите до пет.

Во Хрватска ништо не се случува спонтано. Момчињата немаат денар во џеб. За пиво и сендвич ќе викаат што и да им падне на ум на нарачателите. Кои се нарачателите, нема да дознаеме.

Што би требало да е ударна вест овде и денес во Хрватска? Секој ден од корона умира полн автобус со луѓе, оној поголемиот. Каде ги ставаат тие лешеви, оние кои мораат да го прават тоа?

Кога некој ќе умре од корона, нивните најблиски, главно невакцинирани, мора да останат во карантин. Погребот смеат да го организираат дури по неколку дена. Мртвите се натрупуваат. Болниците немаат доволно фрижидери, па скокаат до гробиштата во кои немаат доволно фрижидери, па скокаат до… Каде ги замрзнуваат нашите покојни? Во месарите? Во големите трговски центри? Во затворените хотели? Можеби сум перверзна, но навистина не би сакала да лежам мртва, жолта и тврда меѓу две говедски бедра.

Пред неколку дена, шефот на „КБЦ“ во Риека беше ударна вест затоа што на една вдовица ѝ ветил дека ќе нареди да го облечат нејзиниот сопруг пред да го положат. Навистина само еден хрватски ковид католик отишол облечен кај Бога? Зошто?

Овие денови читам транскрипти. Две наши политичарки беа снимени како организираат криминални активности преку телефон. Кој ја објави таа снимка? Тоа е најчисто вознемирување на јавноста и ширење паника. Дали е можно со Хрватска да управуваат вакви суштества? Оној кој ја објавил снимката треба да се фрли жив во голем фрижидер, ако има уште некое слободно место. Се разбира дека тие две не би нè вознемириле кога би знаеле дека ќе бидат во затвор со години. Ама нема да се случи тоа.

За време на короната, еден од поголемите хрватски, сè уште „сомнителни“ насилници, во центарот на Загреб држаше „клуб“, кој го посетуваше хрватската „елита“. Таму, претседателот јадеше остатоци од храна, „за да не се фрла“, другите играа шах, бело, не се лути се човече… Соседите што живеат во истата зграда виделе дека околу станот се мотаат и некои девојки, но никој никогаш не помисли да го истражи тоа. Дали „клубот“ навистина беше само кантина за гладниот претседател и игротека за нему слични или тоа беше бордел? Ако е така, дали девојките беа полнолетни или, пак, нашите политичари, како и другите светски политичари, сепак се палат на пилешко? Нема одговор, нема истрага.

Нашите судии. Од каде им се куќите, вилите, базените? Нашите болници. Во нив нема лекари, лекови, кревети, сапуни, топла вода. Каде се репортажите за среќните пензионери кои добиле ковид додаток? На што ќе го потрошат? На купување гаќи и чевли, затоа што во гроб ќе одат голи и боси. Со тие пари можат да платам половина од специјалистичкиот преглед кај лекарот кој работи приватно затоа што на патот го шутнала шефицата која ја штити еден хрватски политичар. Зошто веќе триесет години хрватската политика и хрватските лекари се во перверзна врска?

Погледнете ги списоците со луѓе кои сакаат да ја преземат власта на овие избори. Лекар до лекар, лекар до лекар. И тие сакаат да се занимаваат со криминал? Логично. Кога еден лекар ќе стане политичар, курвата на политичарот нема да биде негова шефица, но тој ќе има своја курва која ќе стане шефица на неговиот поранешен колега кој изгубил на изборите. Се надевам дека можете да ме следите. Дали сакате имиња? Хаха! Ќе успеам ли од ковид додатокот да платам адвокат?

Луѓето умираат од глад, доста им е и од короната и карантинот, нема култура ниту хемотерапија, нема работа, нема надеж, има само криминалци кои се на власт кои си го делат пленот, а има се помалку. Сепак, сè додека има нешто што може да се украде во Хрватска, ќе се водат крвави битки помеѓу разбојниците кои никогаш не одговарале и никогаш нема да одговараат за ништо. Зошто би одговарале? Хрватите се вол кој едвај чека да го тресне еден чекан за конечно да издише.

И тогаш, каква шега, некои кретени таму викаат: „Убиј го, убиј го Србинот“ и тоа во Хрватска станува вест. Добро, сега шала на страна, ако навистина денес тргнеме во лов на Србинот во Хрватска, кој ќе го убие?

Хрватска одамна не е земја на ловци. Хрватска е земја на мртовци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот