Ведрана Рудан ги РАЗГНЕВИ ХРВАТИТЕ: Два пати го гледала филмот за Диана Будисављевиќ и го рече тоа за што сите МОЛЧАТ

Фото: Принтскрин

Хрватската авторка Ведрана Рудан, објавила нова колумна посветена на филмот „Дневникот на Диана Будисављевиќ“ за австриската хуманитарка која за време на Втората светска војна од усташките логори спасила повеќе од 10.000 српски деца:

„Кога ќе сретнеш пријател и ќе му пратиш да гледа некој филм, тој секогаш прашува, за што се работи во филмот? Па, за што се работи во филмот „Дневникот на Диана Будисављевиќ“ која доби голема Златна арена за најдобар филм, Златна арена за музика, Златна арена за монтажа, Златна врата на Пула и наградата Федеора за најдобар хрватски долгометражен филм. И десет минутен аплауз во Арената. Дана стана втората жена во историјата на Пулскиот фестивал која добила Златна арена за режија. првата ја доби Соја Јовановиќ во 1959 година.

За што се работи во овој филм? Си беше еднаш една Диана Будисављевиќ, Австријка венчана за Србин, докторка и си беше еднаш НДХ. Таа госпоѓа Диана чула дека во НДХ постојат логори во кои усташите ги носат жените и децата. Таа, како што ќе видите во филмот, спасила 10.000 „православни“ деца.

А сега околу филмот. Го гледав два пати. И првиот и вториот пат во киното во Ријека владееше тишина. Никој не читаше пораки, ниту сурфаше на интернет. Филмот, после првото гледање, толку ме импресионираше, што отидов на „Кафе со авторката“, водител беше Небојша Зелиќ.

Сабота, точно на пладне, ваш се радував на состанокот. Режисерката, водителот и јас. Ќе ја видам уметничката, ќе и ја стиснам раката, ќе ја искористам шансата и ќе зборам со неа барем два часа.

Не морате да ми верувате. Салата беше полна. Водителот феноменален, прашањата на публиката беа многу интересни. Уживавме слушајќи ги двете образовани, шармантни, скромни, паметни личности. Кој мелем за мојата душа. Луѓето бараа Дана да им се потпише на влезницата. Не верував на своите очи.

Вечерва повторно го погледнав филмот. И дојдов до неверојатно откритие. Филмот зборува за злосторствата кои усташите ги правеле на Србите од 1941 година. На Пула главен конкурент на филмот, беше тој што го режираше Антун Врдољак, еден од најпознатите чистачи на Срби од Хрватската телевизија во 1991 година.

Во една сцена на почетокот на филмот гледаме како загрепчаните во 1941 година воодушевено го дочекуваат влезот на фашистите во Загреб. При крајот на филмот гледаме како загрепчани во 1945 година воодушевено го дочекуваат влезот на партизаните во Загреб.

Во филмот го гледаме Степинац како се згрозува од злосторствата на оние кои се „исповедаат“. Истиот Степинац кој беше со усташите до крајот на војната, сепак и помогна на Диана да ги спаси православните деца. И за Степинац, и за Католичката црква мислам се најлошо, а ете, вечерва седев во „Kino Croatia“, најдоброто уметничко кино во Хрватска, кое е во сопствеништво на Католичката црква.

Хрватската телевизија во филмот вложи околу 300.000 куни, а не и паѓа на памет да го прикаже.

Толку чудни работи околу чуден филм. Се прашував зошто луѓето брзаат на проекции, зошто во тишина гледаат мрачна приказна и од киното излегуваат „среќни“?

Го знам одговорот. Овој филм не е приказна за „усташите“, ни за малку, а и со право во грдо светло прикажаните „партизани“, ова е филм за добрината.

Една жена, Австријка венчана за Србин, спасила илјадници деца осудени на смрт. Таа немала намера да влезе во хрватската историја, ниту да стане главна херојка на некаков филм. Во борбата против злото не била сама. И помогнале многу добри луѓе, па дури и некои Германци.

Филмот е голем, бидејќи ни ја раскажува приказната за доброто и љубовта. Дана Будисављевиќ не увери дека доброто може да постои во пеколот, дека добри луѓе има секогаш и секаде, дека можеби сме добри и ние кои го гледаме овој филм.

И сме. Ги засакавме и Диана и Дана и овие прекрасни луѓе, кои некогаш биле „православни деца“, а денеска се старци кои ни раскажуваат за љубовта, додека се шетаат меѓу рушевините на логорите, од своето страшно детство.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот