Веднаш после финалето, слика која го одушеви целиот регион! (ФОТО)

cev.eu

Слика од улиците на Париз, која е објавена на словенечкиот портал „Екипа24“ како навивач на Словенија и Србија заедно седат после финалето на одбојкарското Европско првенство, е една одно од највпечатливите детали во францускиот главен град.

Словенец во дресот на одбојкарот Јан Клобучар и Србин во дресот на фудбалската репрезентација со натпис Немања Видиќ, со шајкача на глава, станаа хит во регионот.

Ekipa24

– Ова е спорт, ова покажува сè. После спектаклот, Словенците и Србите седеа заедно – пренесува „Екипа24“.

Истиот извор, од самото место, пренесува дека Србите и Словенците меѓусебно се дружеле по финалето во Париз.

Да потсетиме, одбојкарите на Србија ја совлада Словенија со 3:1 по сетови и по третпат во својата историја станаа шампиони на Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот