Веднаш ја нападнаа: Марија Шерифовиќ обвинета дека одобрува силување! (ФОТО)

Instagram
Instagram

Марија Шерифовиќ на Твитер „твитна“ нешто што крена голем прав на оваа популарна социјална мрежа.

Имено, поп-пејачката објави:

– И не…не е еден вид да, само да знаете!“ – напиша Марија и го предизвика гневот на голем број твитерџии, кои буквално ја бомбардираа со негативни коментари, укажувајќи ѝ дека на овој начин го оправдува силувањето.

И покрај тоа што Шерифовиќ јасно појасни дека силувањето не ѝ било ни на крај памет кога го објавила спорниот твит, сепак револтираните твитерџии побараа од неа да го избрише твитот, но таа за возврат ги блокирa.

– „Сега ќе добиеш репост бидејќи со ова оправдуваш силување/избриши го твитот/ Ова не го очекував од тебе, срамота“ – е само еден од нападите врз Марија.

– „О, Боже, какви силувања. Буквално во ниту една секунда тоа не ми падна на памет, се обиде да објасни поп-пејачката, но бадијала… Затоа – блок – му возврати пејачката.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот