Вечно дерби за кошаркарска титула

фото: МКФ

Работнички е противникот на МЗТ Скопје во финалето на кошаркарскиот плејоф откако во полуфиналната пресметка беше поуспешен од Блокотехна со 3:2 во победи. Работнички во мајсторката победи 88:78 и по деветти пат, „вечните“ ривали ќе играат во финалето. Во досегашните осум финалните пресметки, дури седум пати триумфирал Работнички, додека МЗТ Скопје како победник излегол само еднаш.

Победникот беше решен во последната четвртина, откако во првите периоди ниту еден тим не можеше да создаде предност која би гарантирала помирна завршница.
Во 35. минута при 74:70 за Работнички, Јаневски погоди тројка, а Чековски ги реализираше двете слободни фрлања за водство од 79:70 со кое ја наваја победата. До крајот на натпреварот, избраниците на Марин Докузовски успеаја да ја задржат предноста и да слават со 88:78.

Најдобар кошаркар во редовите на Работнички беше Чавдар Костов со 27 поени и 10 скокови, додека Марјан Јанески и Ѓорѓи Чековски постигнаа по 16 поени. Кај екипата на Блокотехна се истакнаа Раде  Мијатовиќ со 22 поени и Марјан Младеновиќ со 18 постигнати поени.

Финалето помеѓу МЗТ Скопје и Работнички ќе започне в петок, а улогата на домаќин ќе ја има тимот од Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот