Вечните ривали не мируваат, Терзиќ им се закани за „црно-белите“: Ќе ви ја е*ам мајката

фото: Курир.рс/Зорана Јевтиќ

Двата најголеми најпознати српски клуба, Црвена звезда и Партизан, наместо да се подготвуваат за претстојните натпревари во Лигата на шампионите односно Лигата на Европа, започнаа нова вербална војна.

На состанокот на клубовите од српската Суперлига и Првата лига, дошло до блиска средба помеѓу првите луѓе на Црвена звезда и Партизан. Проблемот настанал, кога Црвена звезда предложила да се зголеми бројот на странци од четири на осум, на што Партизан жестоко се спротивставил.

Отпорот на Партизан на ваквата идеја наиде на жестока реакција од страна на генералниот директор на „црвено-белите“, Звездан Терзиќ кој им се закани на челниците на вечниот ривал со зборовите:

„Ќе ви е*ам мајката, ќе ми платите за ова, ќе ве скршам“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот