Вечерва во Велес: Мирен протест на навивачката група Гемиџии

Навивачката група „Гемиџии” на ФК „Борец” вечерва  на платото пред театарот во Велес одржа мирен протест од кој повторно упати апел до ОФС Велес да ги преиспита одлуките од последното годишно собрание одржано изминатиот петок, односно меѓу четирите делегати на ОФС Велес во собранието на ФФМ да земе  и еден делегат од ФК „Борец”.

Павле Лазаревски од навивачката група „Гемиџии” за МИА изјави дека тие го поддржуваат претседателот на ФК „Борец”, Кочо Анѓушев кој на годишното собрание искажа незадоволство и го напушти, бидејќи меѓу четирите делегати што ОФС Велес ги има во собранието на ФФМ не беше избран претставник на ФК „Борец”. Тој им се закани дека доколку ФК „Борец” не добие делегат ќе престане до го спонзорира клубот кој се натпреварува во првата лига.

– Ние како навивачка група „Гемиџии”  упатуваме апел до двете страни да седнат на маса и да најдат заедничко решение. ФК „Борец” да добие свој делегат, а Анѓушев да остане спонзор и претседател на клубот, затоа што не сакаме клубот, кој е гордост на градот и единствена светла точка, да згасне, потенцира Лазаревски од името на Навивачката група „Гемиџии”.

Додаде дека ако тие не најдат заедничко решение, навивачката група „Гемиџии” ќе продолжи со мирните  протести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот