Вечерва се огласи владата: И граѓаните со блокирани сметки ќе ја добијат финансиската помош од 6.000 денари

Фото: МИА

И граѓаните со блокирани сметки ќе ја добијат финансиската помош од 6.000 денари, соопштија вечерва од Владата.

Ажурираната листа на корисници, потсетуваат, е објавена и поставени се сите категории граѓани кои добиваат еднократна помош од 6.000 денари како мерка од четвртиот пакет на економски мерки како поддршка во време на пандемија со ковид-19. Во тек е процесот на обработка на приговорите.

Како што потенцираат од Владата, оние граѓани кои имаат блокирани сметки, согласно законот, се прераспределуваат во банка која има техничка можност да ги исплати средствата на засебна сметка.

– Владата на Република Северна Македонија стори сé да ги ослободи граѓаните од административни процедури, со цел средствата да стигнат до сите на кои им се потребни во најбрз можен рок, а средствата да може да се користат за она за што се најпотребни на граѓаните, стои во соопштението.

Владината мерка е во вредност од 24,6 милиони евра и со неа се поддржуваат ранливите групи на граѓани. Над 280.000 лица на трансакциска сметка треба да добијат еднократната помош во висина од 6.000 денари.

Со оваа мерка, како што информираа од Владата, истовремено се поддржува целокупната домашна економија, преку стимулирање на личната потрошувачка, а граѓаните средствата може да ги користат во кој било период без рокови и ограничувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот