Вечерва почнува „Штипска пастрмајлијада“: Бројни посетители ќе го пробаат традиционалниот штипски специјалитет

Фото: Фејсбук

Со сечење на џиновската пастрамајлија вечерва почнува манифестацијата штипска „Пастрмајлијада“. Манифестацијата вечерва во 20.30 часот официјално ќе ја отвори градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

На штандовите на угостителските објекти, кои ќе бидат поставени од крстосницата Дујле до камениот мост кај населбата „8 Ноември“ ќе се нуди познатиот штипски бренд – пастрамјлија. Оваа година угостителите одлучија цената да ја зголемат за 30 денари, па унифицираната цена на штандовите ќе биде 150 денари. Вечерва гостите ќе ги забавуваат групите Кентаур, Arre Brothers band, Агушеви, Нокаут и Игор Џамбазов. Додека во сабота ѕвезда на вечерта е српската пејачка Цеца, а пред неа ќе настапат Мартинијан Кириловски и Антониа Гиговска, во недела, пак, публиката ќе ја забувавуваат No end, Викторија Лоба, Тропико бенд и Данијела Мартиновиќ.

Градоначалникот Бочварски денеска истакна дека доколку граѓаните сакаат да се промени концептот на „Патрамајлијадата“, своето мислење ќе го изнесат на јавната расправа, којашто ќе се случи по настанот. Забележува дека ќе го слушне мислењето на граѓаните, по што ќе се одлучува дали ќе има нов или ќе си остане истиот концепт.

Во градот викендов ќе се влегува од трите влезови, а полицијата и редарите на штипските јавни претпријатија ќе им помагаат на возачите каде ќе можат да паркираат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот