
Вечерва ќе ги дознаеме сите осминафиналисти во Лигата на шампионите
По вечерашните натпревари ќе ги дознаеме сите учесници во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Препорачано
Директен пласман во осминафиналето од европската елита претходно обезбедија: Ливерпул, Барселона, Атлетико Мадрид, Арсенал, Интер, Баер Леверкузен, Лил и Астон Вила, а вчера им се придружија: Баерн, Бенфика, Феенорд и Клуб Бриж.
Денешната програма ќе ја отворат Борусија Дортмунд и Спортинг каде што треба да се случи чудо за гостите да поминат во следната фаза бидејќи во првиот натпревар Борусија славеше со 3:0 и вечерва не би требало да има проблеми да ја одбрани таа предност.
Идентична ситуација би требало да гледаме и во Париз каде што ПСЖ ќе го дочека Брест и „светците“ имаат предност од 3:0 од првиот натпревар, па сè освен нивни пласман во следната фаза ќе биде изненадување.
Во истиот термин ПСВ ќе го пречека Јувентус и ќе се обиде да изненади по поразот од 2:1 во Торино.
Најголемото внимание вечерва секако го привлекува дербито помеѓу Реал Мадрид и Манчестер сити. „Кралевите“ со пресврт во завршницата славеа победа од 3:2 и нема сомневање дека вечерва нè очекува нов спектакл.
18:45: Борусија Дортмунд – Спортинг (3:0)
21:00: ПСЖ – Брест (3:0)
21:00 ПСВ – Јувентус (1:2)
21:00: Реал Мадрид – Манчестер сити (3:2)
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
10мин
-
18мин
-
40мин
-
50мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5