Вечерва јубилеен концерт на „Синтезис“ на плоштадот „Мајка Тереза“

фото: Охридско лето

По повод јубилејот – 25 години артистичка кариера, етногрупата „Синтезис“, вечерва ќе одржи славенички концерт на плоштадот „Мајка Тереза“ во центарот на Скопје, со почеток во 20 часот.

Специјални гости ќе бидат Влатко Стефановски и Наум Петрески.

Групата „Синтезис“, со повеќе од 500 концерти одржани низ светот и настапи во некои од најпознатите светски сали и фестивали, е еден од најголемите амбасадори на македонската музика во светот.

„Синтезис“ има издадено осум албуми и соработувано со најпознатите македонски музичари, меѓу кои и Влатко Стефановски, Тоше Проески, Наум Петрески, Борис Трајанов, како и со познати балкански имиња како што се Биља Крстиќ и „Бистрик“.

Билетите се пуштени во продажба во ограничен број, по цена од 200 денари. Концертот ќе се одржи под строги протоколи и мерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот