„Вечерњи лист“: Музичарот Мирослав Шкоро ќе влезе во трката за претседател на Хрватска

Музичарот и пејач Мирослав Шкоро официјално ќе ја објави својата кандидатура за претседател на Хрватска на крајот на оваа недела, пишува „Вечерњи лист“, повикувајќи се на извори блиски до него.

Шкоро засега планира да биде независен кандидат, но не ја исклучува можноста за разговор со различни политички опции и доколку ги прифатат неговите ставови, постои можност за соработка.

„Вечерњи лист“ тврди дека Шкоро ќе ја финансира кампањата со свои пари. Прва соработничка во изборниот тим ќе му биде неговата сестра Весна Вучемиловиќ.

Инаку, официјална кандидатура за уште еден мандат официјално се уште не е објавена од актуелната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ. Официјално, кандидат на социјалдемократите ќе биде поранешниот премиер и лидер на најпознатата опозициска партија СДП, Зоран Милановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот