„Вечерњи лист“: Хрватските судови за пет години ги напуштиле 210 судии

Фото: unsw.edu.au

Иако 210 судии ги напуштиле судови во Хрватска за помалку од пет години, земјата сè уште е високо на европската листа, заедно со Словенија, со околу 40 на 100.000 жители, пишува денеска загрепски „Вечерњи лист”.

Забележано е, на пример, дека за истата популација Ирска има тројца судии, Данска – шест, Франција – 10, Италија – 11 и Германија – 24 судии.

Се додава дека бројот на судии што заминуваат е парадоксален затоа што, се бвели во текстот, судиите во Хрватска наводно се заштитени и добро платени.

Анализирајќи ги извештаите на Министерството за правда, на претседателот на Врховниот суд и на Државниот судски совет, „Вечерњи лист” дојде до податоци дека во изминатите пет години, од почетокот на 2016 година, хрватското правосудство останало без 207 судии. Се наведува дека за уште тројца, разрешувањето од судиската должност било одобрено до крајот на годината.

Тоа е четири пати повеќе отколку во периодот од 2011 до 2015 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот