„Вечерње новости“: Уапсениот сопственик на „Арс груп“ од Скопје сакал да произведува муниција

Српскиот весник „Вечерње новости“ вечерва објави дека уапсениот државјанин на С. Македонија во Србија е Шевќет Д., кој прибирал докуметација од фабриката за муниција „Први Партизан“ од Ужице, со цел да изработи машина за производство на муниција со калибар 12,7 мм во погоните на некогашната фабрика за муниција „Сувенир“ во Македонски Брод, како и во фабриката за оружје во Катар, каде е косопственик.

Како што јави дописникот на МИА, по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, во акција на Безбедоносно информативаната агенција (БИА), Воено-безбедносната агенција (ВБА) и на МВР на Србија, денеска во Белград се уапсени – С.Д државјанин на Република Северна Македонија, сопственик на фирмата „Арс груп“ од Скопје, поранешниот инженер во „Први партизан“ Б.Г. од Ужице, Н.И. од Пожега- конструктор во погонот за алати и машини во „Први партизан“ и М.М.

Прочитајте и...  Курсна листа на НБРМ: Колкава е вредноста на еврото денеска?

Според првичните информации од истрагата, како што објави „Вечерње новости“, повикувајќи се на оперативните сознанија на БИА и Вишото јавно обвинителство во Белград и во Краљево, „двајцата сегашни и еден поранешен вработен во „Први партизан“ веќе подолго време недозволено ја присвојувале и изнесувале техничката документација, со цел остварување на материјална корист добиена од конкурентни компании, пред сè, од Северна Македонија, Катар и Босна и Херцеговина.

Пензионираниот инженер Боривоје Г. во понеделникот се состана со Шефќет Д. во белградскиот хотел „Хилтон“ за да се договори за собирање и доставување на документација од поранешен работник во „Први партизан“. Според сегашните информации, Боривоје Г. за споменатиот сопственик на „Арс груп“ на претходна средба на 16 октомври во белградскиот хотел „Константин Велики“, во форма на аванс добил околу 30.000 евра. За останатиот дел, постојат сомнежи, дека веројатно требало да добие ист износ, по завршување на работата односно по достава на целата документација, објави „Вечерње новости“.

Прочитајте и...  Мета на средба со министерката Манастирлиу поради влошената состојба со Ковид-19 во Албанија

Според весникот за време на состанокот на пензионираниот инженер и македонскиот државјанин во Белград, полицијата по налог на надлежното Обвинителство, на подрачјето на Ужице и Пожега ги уапси и Небојша И. и Милован М. под сомнение дека ја ставиле на располагање на својот поранешен колега документацијата од „Први партизан“, како и дека за оваа услуга имале материјална корист.

На осомничените одредена им е мерка притвор 48 часа, поднесена им е кривична пријава и поради сослушувањето ќе бидат изведени пред надлежен обвинител.

Тие се товарат за злоупотреба на службена должност и примање мито односно дека при извршување на кривичното дело продавале проекти и друга документација која и припаѓаа на „Први партизан“ од Ужице, а се однесува на производство на оружје и муниција.

Прочитајте и...  Д-р Костов: Испишавме 15 пациенти, а примивме 8 изминатото деноноќие

Вечерва во тек се претреси на локации во Белград, Ужице и Пожега, како и во просториите на претпријатието „Први Партизан“. Исто така, надлежните работат интензивно за да ги дознаат сите детали поврзани со овој случај, како и на сослушувања на потенцијалните сведоци.

Фабриката „Први Партизан“ од Ужице е една од најстарите и најголеми фабрики за муниција и покрај производството на околу 400 типови на муниција за карабини, пиштоли и револвери, компанијата произведува и артилериска муниција, машини за производство на муниција, алати за производство на муниција и друго

Прочитај повеќе

Без струја повеќе делови на Скопје

Слободен печат

Шпанија ќе затвора плажи за да го спречи ширењето на коронавирусот

Слободен печат

Мицкоски од Гевгелија: Дојде време да ги поразиме СДСМ

МИА Агенција

30% пониска закупнина на угостителските објекти за време на КОВИД-19!

Слободен печат

Вучиќ се премисли за полицискиот час: Синоќа бевме сведоци на најбруталното политичко насилство во последниве години

Слободен печат

Меркел: Отворање на првите поглавја со Македонија и Албанија оваа година

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Нови 163 случаи со Ковид-19, осум починати, 230 оздравени пациенти

МИА Агенција

Нови кредитни линии од ЕБОР и ЕУ за Западен Балкан

Слободен печат

Во Мостар за првпат по 12 години ќе се одржат избори

Слободен печат

Филипче: Се намалува бројот на хоспитализирани со Ковид-19

ЦЕПИ и дидели 66 милиони евра на кинеска фармацевтска компанија за развој на вакцина за Ковид-19

Слободен печат

Македонија со најдобра бизнис клима во регионот

Слободен печат