„Вечерње новости“: Лајчак главен кандидат за специјален пратеник на ЕУ за Западен Балкан

Фото: МИА

ЕУ интензивно трага по соодветна личност за новата функција – специјален пратеник за Западен Балкан, а најсериозен кандидат е шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак, јави „Вечерње новости”.

Според весникот, целта на ЕУ е пред сè да се ублажи влијанието на САД во регионот.

„Новости”, повикувајќи се на добро информирани извори, тврди дека Лајчак на почетокот на неделата, во врска со оваа функција, имал двочасовна средба со идниот шеф на европската дипломатија Жозеп Борел.

– САД имаат два претставник за Западен Балкан, а ние ниту еден. Затоа и вака ни оди, наводно изјавил Лајчак, алудирајќи на бавноста на проширувањето е сè поголемата оддалеченост на регионот од ЕУ, тврди српскиот весник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот