„Вечери на женските права” по повод Меѓународниот ден на жената

Profimedia
Фото: Профимедиа

Од денеска до 8 март, но и текот на месец мај ќе се организира дванаесетото издание на настанот „Вечерите на женски права”, кој нуди алтернатива за прославување на Меѓународниот ден на жените – 8 Март, и тоа на различни локации низ Скопје.

Овој настан традиционално се одржува уште од 2010 година, а целта е преку уметност, филм и музика да се поттикнат жените и мажите да размислуваат критички за родовата нееднаквост и да оддадат почит на досегашните достигнувања.

Годинава „Вечерите” се организираат под глобалната тема за одбележување на 8 Март „Жени во лидерство: остварување еднаква иднина во свет на ковид-19″.

Како што соопштија организаторите, претходните изданија покажале дека граѓаните на Скопје имаат огромен интерес за вклучување во активности по однос на прашања поврзани со женските права и родовата еднаквост.

Настанот од 6 до 8 март ќе се одржи во Младинскиот културен центар – МКЦ, Културно информативниот центар – КИЦ и на VOD платформата Cinesquare, а на крајот на мај во Кинотеката.

Овогодинешното издание е организирано од Институтот за човекови права и Авард филм и видео, со поддршка на Град Скопје и канцеларијата на UN Women во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот