Вечер на музички документарци за македонски бендови на „Скопје синема сити“

Со ретроспективата на музички документарни филмови на македонскиот режисер Јане Алтипармаков на 4 јули и со филмовите „Сестри со транзистори“ и „Моби: Мобидок“ на 5 јули ќе се затвори осмото издание на филмскиот фестивал „Скопје синема сити“.

Фестивалот, кој беше отворен со изложба на фотографии од Ник Кејв на рок-фотографот Немања Ѓорѓевиќ (Србија) и филмот „Ник Кејв: 20.000 денови на земјата“ му оддаде почит на Кејв, кој е артист во фокус на фестивалот.

На 4 јули, во рамките на програмата на македонски автори и филмови, фестивалот ќе прикаже ретроспектива на филмови на Јане Алтипармаков: „Гето 103“, „Фолтин се јави“, „Бадмингтонс“ и „The Hip Overdrive“. Филмовите ќе бидат прикажани од личната архива на Алтипармаков.

Фестивалот се затвора со двата филма за електронска музика на 5 јули. „Сестри со транзистори“ ја раскажува историјата на електронската музика, но преку жените композиторки чии достигнувања биле од суштинска важност за овој жанр. Филмот е во нарација на Лори Андерсон. Фестивалот завршува со филм за Моби, каде на луциден начин е даден портрет на овој уметник и неговите успони и падови во една богата кариера.

 

Моби

Фестивалот „Скопје синема сити“ е во организација на здружението „Номад-Арт“ – Скопје. Автор на дизајнот на промотивните материјали е Дијана Димитриевска. Програмата на фестивалот е поддржана од Агенцијата за филм, Министерството за култура, Кинотека на Северна Македонија, Културно-информативниот центар (КИЦ), ПР агенција „Навигаторс“ и „Спона“ – центар за култура на Србите во Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот