Вечер на гостинските екипи во Евролигата

На три од четирите натпревари кои вечерва се играа во Евролигата славеа гостинските екипи.

Кошаркарите на Реал Мадрид славеа на гостувањето во Белград кај Црвена звезда со 73:67 во осмото коло од Еволигата и во натпревар кој беше исполнет со пресврти.

Првото полувреме им припадна на кошаркарите на Црвена звезда кои во одреден момент имаа и предност од 13 поени, но на одмор се замина само со плус шест (42:36). Во третата четвртина, „кралевите“ ја стабилизираа играта во одбраната и во последната четвртина тие влегоа со предност од шест поени. „Црвено-белите“ се обидоа да се вратат во игра но одбраната на Реал беше предобра за домашниот тим кој скоро четири минути не успеа да постигне поени.

Треј Томпкинс со 14 поени и Ентони Рендолф со 13 поени беа најдобри во редовите на Реал Мадрид, додека Џордан Лојд даде 22 поени за Црвена звезда.

Далеку понеизвесен финиш имаше на натпреварот во Атина каде Анадолу Ефес со 80:77 го совлада домашниот Панатинаикос. Вистинска симултанка одигра српскиот репрезентативец Василије Мициќ кој постигна 33 поени.

Рускиот Зенит со 66:53 славеше на гостувањето кај Асвел Вилербан и ја забележа третата победа во четвртиот натпревар. Томас Вил со 14 поени и Алек Појтрес со 12 поени беа најзабележителни во рускиот тим, додека кај Асвен Чарлс Кахуди беше најпревизен со 14 поени.

Единствената домашна победа на вечерашните натпревари ја оствари Баерн Минхен кој со 90:79 ја совлада Валенсија. Владимир Лучиќ со 22 поени и Пол Ципсер со 20 поени се најзаслужни за шестиот трииумф на баварците во осмиот натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот