Веб камера снимила десетина туристи кои биле во кратерот на вулканот, секунди пред ерупцијата (ФОТО)

Веб-камера открила дека најмалку десет туристи биле во кратерот на вулканот на Вајт ајленд на Нов Зеланд во момент пред ерупцијата.

Досега властите соопштија дека во ерупцијата на вулканот загинале најмалку пет лица, додека 20 се повредени. Во моментот на ерупцијата на островот имало околу 50 туристи и голем број од нив се исчезнати.

Според најновите информации кои ги пренесе Ројтерс, на снимката на една веб-камера откриена е група туристи, околу десетина, како влегува во кратерот на вулканот, само неколку секунди пред да еруптира.

Според властите, бројот на исчезнати лица е двоцифрен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот