ВЕ ПОЗДРАВИ НАОМ ЧОМСКИ ( ‘‘љуби и целива‘‘)

‘‘Држи го народот глуп онолку колку што е потребно за да си владееш‘‘, рекол Наом Чомски. Ова е парафраза, која подразбира ‘‘информиран‘‘, а со тоа и доволно изделкан у главата во делот на черепната празнина. Ако ти затреба да ти ‘‘плеше‘‘ по твои ноти, само ‘‘мало појачај радио‘‘ и има да му влезеш не у уво, него у сите процепи и празнини. А, тогаш можеш нели, да му праиш што сакаш. Народот и онака секогаш останува труден додека некој се журка во високата калимера.

Огромната девалвација на имиџот ( читај доверба) на медиумите во последно време е само ‘‘крешендо‘‘ на нешто што одамна се случува, ама ако бидеме искрени, дојде време Чомски да иде малку да одмори, затоа што на власта ( читај Зоки Заев) сега му се потребни медиумите во својата ‘‘Virgo in tacta‘‘ форма кои ке покажат и докажат дека тој сериозно сака од оваа држава да направи нешто. Е па, ‘‘јеби га Попе‘‘, сега така му требаат, а порано другачие му требаа, па сеа,.. политика бе! Ова најубаво може да се дефинира со песната од К-15 ‘‘ Шо мислеше ка‘ се онадеше‘‘! Нејсе! Комплетната ситуација во медиумите е само консеквенца, последица, не и причина.

Ако некој смета дека сите медиуми треба да информираат стопроцентно автентично, не Македонија, светот би се распаднал. Да не продааме сеа ние овде басма дека сме многу паметни, тоа е нормално. Но! Би се задржал на една географска кота која се вика Македонија. Нова демократија, недоволно демократско искуство, недоволна парламентарна едуцираност, а капак на се, внатре два мали народа кои многу повеќе сакаат да мерат ‘‘ патљаци’’ отколку да се здружат во своето не знаење и неспремност, па да изроди квалитет.

Него ај да не тупам много, да прејдам на ствар!

Оние кои прочитале барем една книга у живот, знаат дека медиумот е најголемо оружје. Пропагандата, спинуваната информација и агресивниот платен ПР не се ништо по не ‘‘убиствени‘‘ од најсофисцитарното оружје. Секако, ‘‘ на свој начин‘‘. Медиумот ти вика ‘‘ сакај се со комшијата‘‘, па ти вика ‘‘ иди опни му една‘‘, а во меѓувреме те врзува да го следиш затоа што твојата ниско октанска аналитичка свест не ти дозволува дека те манипулира и те држи во филмот на ‘‘ мој те мота око плота‘‘! Една Југославија успеаа да ја растурат ( па, Македонија,.. хм! ).

Единствениот државен јавен сервис МРТВ кој без пардон требаше и сеуште треба да е ‘‘сенародски‘‘ падна на испит на градење висока граѓанска свест која консеквентно ке се едуцираше и ке знаеше да извлече поука што е тоа ‘‘државен интерес‘‘ а што е ‘‘вежи коња где ти газда каже‘‘ олицетворен во приватни медиуми кои беа и до некаде останаа гласноговорници на политички партии и опции. Така, Македонија ако некаде направи кардинална грешка, ја направи во неупотребата на својот државен медиум на квалитетен начин да ја подигне пред се ЈАВНАТА СВЕСТ! Колективната свест. Свеста кој на народов на кој можеш да му сервираш загреана боранија од завчера требаше да биде бедем на чувањето на државата пред и после се, а не на партиски, тајкунски, газдински, мегапатриотски, националистички, лоповски, разузнавачки, сеирџиски, терористички, латентно уништувачки, …. интереси! И сето тоа – ‘‘ЗА МАКЕДОЊААА‘‘! Да бидеме искрени до крај, и албанската страна си доживеа ренесанса во медиумите. Исти филм! И да закључиме, 30 години изгубени во не креирање на квалитетна јавна и колективна свест направи непоправлива штета. Создаде популација во која ако еден медиум му рече дека Мики Маус му е прв братучед на Крале Марко, еден огромен дел од популацијата ке го голтне тоа како попче сарма и има очи да ти вади ако го убедуеш спротивно! КАТАСТРОФА!

Без много мрчење, да бидам директен.

Една голема бројка кои умееја да разграничат што е лажна вест, што е реалност, што е Мики Маус а кој ропак бил Крале Марко, е отидена од државата која е оставена да ‘шлајфуе‘‘ и да импровизира стабилност, просперитет и да граба доверба дека она што му се сервира е вистина. Останаа само оние кои ‘‘прават пари на тоа‘‘ и оние кои Чомски ги спомнува.

А бе доста пишуеш пораки ‘‘ у целофан‘‘! .. Аха! Еве попросто!

Немаш висока јавна свест, немаш високо развиен сенс за државност, немаш афирмирана квалитетна интелектуална маса, немаш ‘‘трета опција‘‘,.. а немаш ни многу избор! Имаш фала му на бога медиуми колку сакаш, а тие ке те дриблат колку ОНИ сакаат ко Шекуларац ‘‘ у једанаестерцу‘‘! Е па народе, те поздрави Чомски!

Шеговита досетка:

Вели, ‘‘подобро е да паднеш во депресија откоку во септичка јама‘‘! Да! Арно ама има нешто уште позаебано, и вели ‘‘ НЕ ДАЈ БОЖЕ ДА ПАДНЕШ ДЕПРЕСИВЕН У СЕПТИЧКА ЈАМА‘‘, уфффф!

Кој разбрал, разбрал! …. ке живее овој народ и оваа наша Македонија! Тврдам. Здравје Боже!

Само толку бе!?

Толку, … ! За тие пари! Колку пари толку музика!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот