„Ве молам, простете ми“: Што се крие зад мистериозната порака на Ријана?

https://www.instagram.com/p/CHT_9hgn4Zl/

Убавицата од Барбадос, 31-годишната Ријана ги збунила фановите на Инстаграм со необичната порака, а дури и странските медиуми се нашле збунети после ова. Во пораката на пејачката пишува дека бара прошка од сите со кои не била во добри односи во текот на минатите години.

„На сите мои пријатели/семејството/соработниците на кои сè уште не сум им се јавила, а ме чекаа со месеци… Ве молам, простете ми. Оваа година беше тешка и напорна и работам на една ситна работа што се вика рамнотежа. Се гледаме наскоро“, напишала Ријана.

Покрај пораката објавила и селфи, а познато е дека минатата година ѝ беше многу бурна. Бидејќи за приватниот живот Ријана не се изјаснува, сите се запрашаа поради што пејачката го упати јавното извинување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот