„Ве молам да се собереме сите и да бараме секаде“, семејството на исчезнатата Аниса бара помош во потрагата

Фотографија од исчезнатата Аниса Ајро од Скопје/Фото: Фејсбук

Семејството на 12-годишната Аниса Ајро од Гази Баба не добило никакви информации за нивната ќерка која исчезна пред три дена. Нејзиниот татко Енгин во очај вели дека досега никој не ги контактирал да пријави некаква трага што ќе ги одведе во прегратките на нивното дете.

Семејството на Аниса ги мобилизира сите пријатели и добри луѓе кои би можеле да им помогнат за заедно да пребаруваат, со надеж дека девојчето ќе биде најдено. Taткото апелира до целата јавност да се приклучи кон нивните напори.

– Ве молам, да се собереме сите, новинари, политичари, спортисти. Сите сложно да станеме на нозе и заедно да ја најдеме Аниса. Ќе бараме секаде. Тешко ни е многу. Нозете ми се тресат кога зборувам – изјавил таткото Енгин Ајро за „Макфакс“.

Во врска со другото 15-годишно девојче, Мелиса, кое истотака вчера беше пријавено за исчезнато, таткото на Аниса вели дека двете не биле другарки, туку познанички, а и за неа не се знае каде би можела да биде. Тој ја отфрла можноста дека девојчињата можеби побегнале заедно, бидејќи другото девојче е повозрасно.

„Слободен печат“ вчера објави дека Аниса завчера се подготвувала да оди на училиште и тогаш последен пат таткото ја видел бидејќи и тој тргнал на работа. Потоа на училиште една другарка постара од неа две години ја повикала да излезе од наставата и оттогаш и се губи секаква трага. Аниса во моментот на исчезнувањето носела црна јакна и кафеави панталони. Висока е околу 163 см.

Енгин Ајро повика секој кој поседува некоја информација за Аниса да го контактира на телефонскиот број +389 72 232 983.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот