Ве мачат валунзи, жештини? Еве како да си помогнете

Фото: Профимедиа

На крајот на репродуктивниот период, кога постепено изумира функцијата на јајчниците, секоја жена околу 50-тата година од животот влегува во менопауза.

Промените кои се случуваат во телото може да бидат благи, но и многу бурни и значајно да влијаат на квалитетот на животот. Некои од тегобите, како што се валунзите, урогениталната атрофија, губитокот на коскената маса, атеоросклеротичните промени, може навреме да се корегираат или намалат. На пример, исхраната адаптирана на менопаузата може да придонесе за ублажување на некои симптоми, но и за спречување на болести како што е кревкост на коските.

Јадете житарки, јаглехидрати, млечни производи, масти, многу овошје и зеленчук. Но, не претерувајте со мастите, шеќерите и протеините.

Зголемете го внесот на витаминот Е

Во менопаузата се препорачува зголемување на внесот на витаминот Е на 400 мг дневно. Тоа е најважниот липосолубилен антиоксидант, кој има и имуностимулаторно, антитромботско и антипролиферативно дејство. Витаминот Е се наоѓа во нерафинираните билни масла (на пример, од сончоглед), интегралните житарки, јаткастите плодови (ореви, бадеми, лешници), морковот, доматот, костенот.

Валунзи

– Дишете длабоко кога ќе почувствувате налет на жештина;
– Избегнувајте стресни ситуации;
– Облекувајте се слоевито;
– Јадете помали и почести оброци и избегнувајте зачинета храна;
– Избегнувајте алкохол, цигари и кофеин.

Лошо спиење

– Избегнувајте гледање, читање или слушање премногу стимулативна содржина пред одење во кревет;
– Јадете храна богата со мелатонин (банани, овес, домати);
– Држете се до фиксното време на спиење;
– Користете перница од лаванда или ставете неколку капки од ова есенцијално масло на памук или марамче и ставете го покрај перницата.

Болки

– Земајте повеќе калциум и магнезиум;
– Јадете производи богати со омега-3 масни киселини;
– Не прескокнувајте ги оброците;
– Пијте доволно течности;
– Масирајте се.

Замор

– Јадете храна богата со витамин Б, калиум, магнезиум, железо, јод и хром;
– Барем 15 минути дневно поминете на свеж воздух и на природна дневна светлина.

Една од опциите за решавање на овој проблем е заменската хормонска терапија, која многу жени ја избегнуваат, бидејќи е поврзана со зголемувањето на ризикот од рак на дојка и рак на јајчници за дури 40 отсто. Жените кои имаат надминато некој облик на рак, особено рак на дојка, не треба да земаат заменска хормонска терапија, туку мора да најдат друго решение.

Жалфија против брановите на жештина

Одамна се користи жалфијата за ублажување на брановите на жештини, а исто така, го ублажува и ноќното потење. Кантарионот, освен валунзите, ноќното потење и несоницата, ја отстранува и депресијата, но и вознемиреноста.

Црвената детелина содржи фитоестрогени слични на оние кои се наоѓаат во сојата. Се смета дека оваа билка би можела да го спречи влошувањето на  состојбата на кардиоваскуларниот систем и на коските, на кои се изложени многу жени по менопаузата.

Маточина дејствува релаксирачки, го смирува и подобрува расположението и умствените способности.

Видео на денот