Вдовицата која изгуби милиони поради Инстаграм

Летиција Халидеј (лево) децата Лаура Смет и Дејвид Халидеј (десно) Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Џони Халидеј во Франција беше познат како францускиот Елвис, за шест децении тој ја градеше својата музичка „Рок ен рол“ кариера, но исто така беше во тек со новите технологии.

Од 2012 година имаше профил на Инстаграм и споделуваше лични и професионални работи таму. Токму Инстаграм им помогна на неговите две деца во правната битка за неговото наследство, кое француските медиуми го проценуваат на десетици милиони долари.

Кога Халидеј почина во 2017 година, беа пронајдени два тестаменти. Во еден од документите, напишан во Лос Анџелес, тој го остава целото свое наследство на својата четврта жена.

Според ова, неговите две деца од претходните бракови, нема да добијат ништо. Исклучувањето на децата од наследството е забрането во францускиот правен систем. Поради тоа, правната битка беше докажување на тоа дали Џони Халидеј живеел повеќе во Франција или во САД.

Неговата четврта жена, Летиција Халидеј, сведочејќи пред судот во Париз, изјавила дека нејзиниот сопруг се преселил во Лос Анџелес во 2007 година, а добил и зелена карта во 2014 година.

Дејвид Халидеј, синот на познатиот француски музичар, претставил малку поинаква приказна на судот. Неколку слики од Џони и Летиција на Инстаграм, каде како локација се наведува Франција.

Според сликите на Инстаграм, музичарот поминал најмалку 151 ден во Франција во 2015 и 168 дена во 2016 година. Тој поминал осум месеци без прекин во Франција, баш поради болеста од која и починал во 2017 година.

Судот во Париз ги признал доказите од Инстаграм како јавни податоци, исто како што признава други материјали како новости од медиуми и слично.

Основниот суд во Париз донесе одлука наследството да се дели во Франција според францускиот правен систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот