Вчерашното невреме направило пустош во Прилепско: Забележани големи штети

Фото: МИА

Силното невреме проследено со дожд, силен ветер и град што вчера го зафати Прилепско, во атарите на селата Канатларци и Ерековци уништи род со тутун, жито, градинарски култури и со бостан.

Според првичните созанија штетите се огромни и невремето зафатило површина од околу 2. 000 хектари.

Земјоделецот Беџет Исламоски вели дека невремето кое не го памети во преку 40 години му уништил род на преку 40 хектари со тутун, бостан, жито.

-Вчера околу 15 часот фати невреме од силен дожд, ветер и град. Траеше речиси еден час. Јас сум роден 1975 година и не паметам такво невреме. Од градот како мраз на површините со тутун и бостан беше бело речиси 10 сантиметри. Од околку 60 хектар на преку 45 хектари унишптено е со тутун, бостан, има големи штети на житото. првичната процена е дека имама штети од околу 50 000 евра. Родот ми е осигуран, еве веќе трета година користам тоа што државата субвенционира 60 насто. Се надевам дека  најавите за противградобијни ракети пак да има како порано, ќе се овистини, објаснува Исламоски.

Земјоделецот Марем Исламоски има уништено тутун кој беше пред берба и пченица.

– Имам штети на 7 хектари, од кои 3 хектари со пченица се оштетани, 44 декари со тутун кои претрпеа големи штети, потоа летни култури и се е оштетено, околу 80 насто. Штетите се околу 30 000 до 40 000 евра. Невремето беше незапаметено речиси еден час. Сега ги чекаме комисиите и од осигурителната компанија. Очекуваме помош, вели Исламоски.

На терен во атарите на селата Канатларци и на Ерековци излегоа од општинската комисија, од подрачната единица на министерството за земјоделство и прилепскиот градоначалник Илија Јованоски.

Жарко Северкоски, претседател на општинската комисија вели дека формирани се две комисии, се очекуваат пријавите за штетите од земјоделците и комисиите веднаш ќе излезат на терен за процена на штетите.

-Формиравме посебна комисија за процена на штетите. Од денес земјоделците може да доставуваат барања до Општината. Штом ќе стигнат првите барања ќе се излезе на теренот за да се проценат штетите, рече Северкоски.

Зоран Пачешкоски, раководител на подрачната единица на министерството за зермјоделство ја објаснува процедурата со потребата документација.

-Потребни се имотен лист или договор за закуп на земјиште со Министерството, копија од трансакциска сметка и од лична карта и да се достават до прилепската локална сдамоуправа. Со штетиет зафатени се поголемиот дел од површините, од преку вкупно 2000 хектари. Но од утре ќе се знае поточно какви и колкави се штетите, рече Пачешкоски.

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски ги потсетува ошптетените земјоделци од невремето да ги поднесуваат барањата по што ќе се прави елаборат.

– Најмногу е оштетен тутунот како што констатиуравме,но има штети и на сите други земјоделски култури, бостанот, градинарските култури, на житото. Оштетените земјоделци веднаш да поднесувата барања, за комисијата да врши процена, па да се подготви елаборат за понатаму да биде проследено до комисијата на Министерството за земјоделство, рече Јованоски.

Рокот за поднесување барања за претрпените штети од вчерашното невртеме е до идната среда, 3 јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот